Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со триумф ја отворија турнеајата во Австралија. „Црвените ѓаволи“ во првиот мечот од предсезонските натпревари го совладаа Перт со 2-0 (0-0).

Екипата на Перт цел час оддолеваше на нападите од англискиот премиерлигаш. Избраниците на Оле гунар Солскјер во 60-та минута преку Маркус Рашфорд го скршија отпорот и го отворија резултатот. Во 85-та минута Џејмс Гарнер ја запечати победата.

Солскјер шанса им даде на сите фудбалери. Првото полувреме со една постава, а во второт уфрли комплетно нова постава која успеа да постигне два погодоци.

Следен меч за „ѓаволите“ е дуелот со Лидс на 17 јули.

OhridNews