Екипата на Манчестер Јунајтед во најскоро време ќе го промовира второто засилување во летниот преоден рок, откако најдоа заеднички јазик со Кристал Палас за трансфер на дефанзивецот Арон ван Бисака.
„Црвените ѓаволи“ за преселбата на Олд Трафорд на Кристал Палас во висина оштета ќе му платат 50 милиони фунти а фудбалерот ќе заработува 80 000 фунти неделно. Ван Бисака беше голема желба на Оле гунар Солскјер а клубот во третиот обид успеа да постигне договор со Кристал Палас, кој ги одби првите две понуди.
Ван Бисака во клубот ќе му се придружи на Дание Џејмс, кој во редовите на Манчестер Јунајтед се пресели од тимот на Свонси. Следен трансфер таргет на „ѓаволите“ е португалскиот репрезентативец Бруно Фернандез, кој ќе треба да го замени Андер Ерера на средината од теренот.
OhridNews