Манчестер Јунајтед продолжи да го екипира составот за следната сезона. „Црвените ѓаволи“ ја продолжија верноста со Хуан Мата а се пред договор со Арон ван Висака од редовите на Кристал Палас.
Мата кој на Олд Трафорд се пресели зимата 2014 година потпиша нов тригодишен договор, додека Ван Висака кој е младински репрезентативец на Англија ќе биде второ засилување во овој преоден рок „бебињата“. Прв ангажман на Манчестер Јунајтед беше Даниел Џејмс од тимот на Свонси.
Манчестер Јунајтед во третиот обид за 55 милиони евра успеа да го доведе Ван Висака, откако Кристал Палас ги одби првите две понуди во висина од 40 односно 50 милиони евра.
Најголем предизвик за менаџерот Оле гунар Солскјер и клубот ќе биде решавање на иднината и недоразбирањата со Пол Погба и Ромелу Лукаку. Французинот посакува трансфер во Реал Мадрид, додека Лукаку притиска за сигурна минутажа или пак преселба во Интер.
OhridNews