Две децении поминаа до епското финале на Ноу Камп кога Манчестер Јунајтед со головите на Теди Шерингам и сегашниот менаџер Оле гунар Солскјер го совлада Баерн Минхен со 2-1 и ја освои титулата во Лигата на Шампиони. „Ѓаволите“ и „баварците“ ги освежија сеќавањата и емоциите играјќи натпревар во речиси исти состави на Олд Трафорд со хуманитарен карактер. Анличаните славеа со 5-0 во мечот кој се одигра на Олд Трафорд.
За англискиот премиерлигаш на теренот истрчаа Шмајхел, Гери Невил, Бекам, Солскјер, Сколс и другите легенди предводени од легендарниот манеџер Сер Алекс Фергусон, додека Баерн Минхен во своите редови ги имаше Матеус, Ефенберг, Елбер, Макај и на клупата Отмар Хицфилд.
Собраните средства од натпревар кој се одигра на Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед ќе ги уплати во својата фондација која ќе ги распредели каде што е најпотребно.
OhridNews