Гигантот од Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед, го официјализираше трансферот на Рафаел Варан. Французинот во редовите на англискиот премиерлигаш се сели од Реал Мадрид кој на име на обештетување ќе инкасира 50 милиони евра.

Варан е капиталец, бидејќи се работи за ултра квалитетен и искусен фудбалер со богато педигре кога се работи за освојување на трофеи. 28-годишниот француски репрезентативец ќе биде партнер на Хари Мегваер во последната линија пред голот на Манчестер Јунајтед.

Французинот во Англија треба да пристигне утре (среда), но трансферот ќе биде комплетиран подоцна, затоа што Варан мора да помине одреден период во карантин, поради строгите анти ковид мерки на островот.

Варан е второ засилување за „ѓаволите“ во овој летен преоден рок. Претходно, англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед го доведе Жадон Санчо од Борусија Дортмунд.

OhridNews