Фудбалерите на Челси ја прекина серијата без победа во Премиер лигата совладувајќи го Ватфорд на домашен терен со 3-0, додека агонијата на „црвените ѓаволи“ продолжи откако ремизираа 1-1 со последно пласираниот Хадерсфилд.

„Сините“ со победата над „стршлените“ го направија клучниот чекор кон пласман во ТОП 4 во англиската фудбалска елита. Повеќе од едно полувреме им беше потребно на домаќините да го скршат отпорот на гостите. Во 48-та минута Лотус Чек го отвори резултатот, а три минути подоцна на 2-0 зголеми Давид Луиз. Конечните 3-0 ги постави Гонзало Игуаин.

Манчестер Јунајтед нема ниту теоретски шанси за пласман во големата четвортка во Премиер лигата. Сите надежи ги закопа Хадерсфилд кој извлече бод со „црвените ѓаволи“ на домашен терен. Манчестер Јунајтед следната сезона ќе игра во Лигата на Европа но прво, ќе мора добро да поработи на својот тим кој одигра очајно оваа сезона.

 

OhridNews