Една голема трансфер сапуница веројатно ќе добие позитивна разврска за Манчестер Јунајтед. Имено, англискиот премиерлигаш се договорил со Спортинг Лисабон за предвремениот раскин на договорот со Бруно Фернандеш.
Клубот од Олд Трафорд за Бруно Фернандеш ќе плати високи 55 милиони евра, а трансферот може да „скокне“ до 70 милиони евра со вклучените бонуси.
Норвешкиот стручњак Оле гунар Солскјер во Бруно Фернандеш ќе добие стабилен играч за врска кој повеќе од неопходен во екипата. Португалецот со Манчестер Јунајтед ќе потпише 4.5 годишен договор со кој ќе заработува по 4 милиони евра по сезона.
Португалскиот фудбалер со Манчестер Јунајтед се поврзуваше уште во летниот преоден рок, но преговорите тогаш пропаднаа. Преговорите во зимскиот преоден рок и „ѓаволите“ ќе добијат екстра засилување.
OhridNews