Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед го доведе првото засилување во летниот преоден рок откако го ангажираше Дони ван де Бек од холандски Ајакс.
Ајакс од продажбата на Ван ден Бек ќе заработи 35 милиони евра со опција за дополнителни 5 во зависност од успехот на клубот и фудбалерот.
Ван ден Бек потпиша петгодишен договор со „црвените ѓаволи“ и најави дека ќе даде се од себе да ги импресионира навивачите на Манчестер Јунајтед.
Не можам да објаснам каква прилика добив да се приклучам и да играм во клуб каков што е Манчестер Јунајтед. Подготвен сум за предизвикот и со нетрпение чекам да почнат натпреварите. – изјави Ван ден Бек.
23-годишниот Холанѓанец во дресот на Ајакс запиша 175 натпревари во кои постигна 41 погодок.
OhridNews