Манчестер Јунајтед го доведе првиот фудбалер во летниот преоден рок официјализирајќи го договорот со Даниел Џејмс од редовите на Свонси.

„Црвените ѓаволи“ на Свонси за услугите на Џејмс ќе му исплатат 17 милиони евра, а фудбалерот се очекува да потпише најмалку тригодишен договор.

Овој ангажман се очекува да биде еден од многуте на Оле гунар Солскјер од кој се очекува да го препороди клубот од Олд Трафорд. Норвежанецот на клупата дојде минатата сезона, откако клубот го отпушти Жозе Мурињо после серијата лоши резултати.

Според англиските медиуми, целиот фокус на управата е насоечн кон ангажман на дефанзивец кој ќе ги реши проблемите во последната линија од екипата.

OhridNews