Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го симнаа притисокот од плеќите на Оле гунар Солскјер, откако со 2-1 (2-1) го совладаа Евертон во дерби пресметката на „Гудисон Парк“. Покрај победата мечот на започна најдобро за „црвените ѓаволи“ бидејќи домаќините преку Бернард го отворија резултатот. Режисер на пресвртот беше Бруно Фернандес кој ги постигна головите за 1-1 и 1-2. Печат на победата стави Единсон Кавани со дебитанскиот погодок во финишот од натпреварот.

Во преостанатите мечеви од денешната пограма ќе се сретнат Кристал Палас – Лидс (16ч), Челси – Шефилд (18:30ч) односно Вест Хем – Фулам (21ч).

OhridNews