Фудбалерите на Манчестер Јунајтед забележаа голема победа на Етихад стадионот совладувајќи го градскиот ривал Манчестер Сити со 2-1 во дербито на колото во англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ со триумфот во дерби пресметката со Манчестер Сити се искачија на петтата позиција на табелата и комплетно се вратија во игра за ТОП 4.

Резултатот на Етихад го отвори Маркус Рашфорд во 23-та минута. Англискиот репрезентативец прво изнуди удар од белата точка, а потоа успешно го реализираше. Во 29-та минута, Ентони Марсијал зголеми на 2-0. Французинот со прецизен удар го погоди поблискиот агол од голот на Едерсон, кој испружи колку што е висок но не успеа да одбрани. Домашните фудбалери во 85-та минута намалија на 2-1 преку Николас Отаменди, но не успеаја да постигнат уште еден и да се вратат во игра за победа.

Разликата помеѓу лидерот Ливерпул и третопласираниот Манчестер Сити е високи 14 бодови, додека Лестер кој има меч помалку заостанува 11 поени.

Резултати:

Евертон – Челси 2-1

Бурнмаут – Ливерпул 0-3

Тотенхем – Барнли 5-0

Ватфорд – Кристал Палас 0-0

Мен Сити – Мен Ју 1-2

OhridNews