Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со 2-1 го совладаа актуелниот европски шампион, Реал Мадрид во најинтересната пресметка во „Купот на Шампиони“, кој се одржува во Соединетите американски држави (САД).

„Црвените ѓаволи“ со триумфот над „кралевите“ го обелија образот пред навивачите, кои, немаа причини за задоволство после мечот со Ливерпул, кој Манчестер Јунајтед го изгуби со убедливи 4-1. Творци на победата беа Алексис Санчез и Андер Ерера, кои, ги постигнаа головите. За „лос бланкос“ погоди Карим Бензема.

Екипата на Рома со пресврт во последните 15-тина минути славеше против Барселона 4-2. Каталонците во два наврати имаа водство (1-0 и 2-1), но Рома не само што најде начин да ја анулира предноста, туку успеа и да направи комплетен пресврт.

Во третиот меч од синоќешната програма Тотенхем со минимални 1-0 беше подобар од Милан. Одлучувачкиот погодок го постигна Жорж Нкоудо.

OhridNews