Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед влегува во финалната фаза во преговорите со Реал Мадрид за трансферот на Рафаел Варан.

Французинот од претходно ги има договорено условите со Манчестер Јунајтед, а останува само клубовите да најдат заеднички јазик и трансферот да биде официјализиран. Варан на „Олд Трафорд“ би требало да се пресели во трансфер вреден 50 милиони евра.

Реал Мадрид парите инкасирани од трансферот на Варан во Манчестер Јунајтед ќе ги искористи во ловот на Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец не се гледа во Пари Сент Жермен, а „кралевите“ сето тоа посакуваат да го искористат и уште во овој летен преоден рок да го доведат Мбапе.

За сезоната која е на прагот да започне Мбапе во Мадрид да пристигне како позајмен фудбалер, а следната клубот до „Сантијаго Бернабеу“ да го ангажира како слободен фудбалер, бидејќи му истекува важечкиот договор со францускиот клуб.

OhridNews