Манчестер Јунајтед во првата рунда ги заврши натпреварите во Лига купот, откако на Олд Трафорд претрпе пораз од Дерби Каунти после изведување на пеналите 8-7 (2-2).

Поразот и елиминацијата е нов голем удар за Жозе Мурињо кој полека но сигурно ги губи конците во соблекувалната. Овој пат Мурињо надмудрен беше од Френк Лампард кој своевремено беше еден од главните мотори на тимовите предводени од „специјалниот“.

Притисокот на плеќите од Португалецот се зголемува, а времето ќе покаже дали тој ќе издржи до крајот на сезоната која може да биде една од послабите на „црвените ѓаволи“.

OhridNews