Манчестер Јунајтед и сите членови во англиската Премиер лига следниве месец и половина ќе имаат набиен распоред со мечеви од најквалитетното фудбалско друштво. „Црвените ѓаволи“ во еден од клучните периоди во фудбалска Англија останаа без услугите на Алексис Санчез, кој се повреди на тренинг.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја потврди информацијата и изјави дека репрезентативецот на Чиле надвор од терените најмалку ќе биде до Новата година.

  • Доживеа тешка повреда на мускулот. Се уште не е отиден на прегледи, но доволно е искусен фудбалерот за сам да каже колку време ќе му треба за враќање во тренажен процес. – изјави португалскиот стручњак.

Потоа, се осврна на мечот со Саутемптон кој ги очекува фудбалерите на Манчестер Јунајтед в сабота во вечерниот термин (18:30ч). – По завршената работа во Лигата на Шампиони комплетно можеме да се фокусираме на мечевите од Премиер лигата. Бодовите од мечот со Саутемптон ни требаат и ќе одиме да ги освоиме. Сакаме да се приклучиме во борба за ТОП 4, но и ривалите ќе си имаат свои желби и секој ќе се бори на свој начин да ги оствари.

Покрај овој натпреварот големо внимание ќе привлечат дерби мечевите помеѓу Арсенал – Тотенхем и Ливерпул – Евертон.

OhridNews