Уругвајскиот голгетер Единсон Кавани уште една сезона ќе биде дел од Манчестер Јунајтед, откако неговиот агент и челниците од клубот најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.
„Црвените ѓаволи“ ја добија битката со Бока Јуниорс, која сериозно влезе во трката за потписот на Кавани. Уругваецот на „Олд Трафорд“ се пресели како слободен фудбалер и за само една и тоа неполна сезона успеа да ги освои навивачите.
Кавани и Манчестер Јунајтед деновиве ќе ја официјализираат соработката, а дополнително ќе биде разговарано за нов договор, после јуни 2022 година.
OhridNews