Градоначалникот на Општина Охрид организира Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план вон населено место – Горица Север , општина Охрид.
Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот почнувајќи од 05.04.2021год. до 05.05.2021год. како и на web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk
Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 23.04.2021 год. во големата сала на општина Охрид, со почеток во 13 часот , со задолжително носење маски и пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 19, информира локалната самоуправа.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил : zivotna [email protected], или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид. – соопшти општината.
OhridNews