Во деновите на жалост поради изгубените животи во вчерашната трагедија што се случи кај Карпалак, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата, така што музиката да биде од жанрови соодветни за денови на жалост.

Воедно, емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи за други денови од седмицата. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие два дена да не се емитува рекламирање.

Јавниот радиодифузен сервис и радиостаниците кои доброволно пријавиле дека ќе емитуваат одреден процент домашна музика од македонски автори и автори на етничките заедници, на 14 и 15 февруари се ослободуваат од оваа обврска.

OhridNews