Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје на 29-ти ноември, 30-ти ноември и 1-ви декември, за време на одржувањето на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива регуларно, информира ТАВ Македонија. И од Македонска навигација М-НАВ, националниот давател на услуги за воздухопловна навигација не очекуваат никакви доцнења на редовните авиолинии или дополнително најавените за министерскиот состанок на ОБСЕ.

Од ТАВ апелираат патниците да ги следат насоките и известувањата на Министерството за внатрешни работи во врска со сообраќајниот режим низ градот за да стигнат навреме на аеродромот.

ТАВ Македонија известува дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје во следните неколку дена – 29-ти ноември, 30-ти ноември и 1-ви декември, за време на одржувањето на 30-тиот Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива регуларно, но притоа апелира до патниците да ги следат насоките и известувањата на Министерството за внатрешни работи во врска со сообраќајниот режим низ градот Скопје, со цел да бидат во можност да пристигнат на своите летови, односно на аеродромот навреме, велат од ТАВ Македонија.

Од М-НАВ, пак, во изјава за МИА истакнуваат дека, согласно објавените капацитети и расположливиот човечки потенцијал не очекуваат никакви доцнења на редовните авиолинии или дополнително најавените летови поврзани со министерскиот состанок на ОБСЕ.

Сите воздухоплови ќе бидат опслужени на ефикасен и безбеден начин согласно потребите, истакнуваат од М-НАВ.

OhridNews