Според најавите на локалната самоуправа денеска во раните утрински часови ќе биде спроведено  авионско инсектицидно запрашување на територијата на Охрид.

Запрашувањето ќе го опфати целиот простор на општината, почнувајќи од крајбрежниот појас вдолж плажите, заклучно со внатрешните граници на општина Охрид. Како средство ќе се употреби препарат кој не влијае негативно врз здравјето на луѓето, информираат од локалната самоуправа.

Посебно, внимателни треба да бидат имателите на пчелни семејства на кои им се препорачува истите да бидат затворени во периодот на запрашувањето.

Ohridnews