-Прскањето против комарци се спроведува во три фази. Сега е доцна за првите две фази кога комарците се во форма на ларва и млад комарец и сега ќе биде многу тешко да се постигне посакуваниот ефект само со авионско прскање. Со тоа ќе се исчистат само горните слоеви, а комарците ќе се спуштат во подолните слоеви и доколку не се изврши сувоземно прскање ефектот од авионското прскање ќе биде никаков.-вели Атанаско Михаилов, директор на Центарот за јавно здравје во Охрид.
Локалната самоуправа информираше дека прскањето против комарци доцни поради законската обрска да се распише тендер за најповолен понудувач кој би го извршил прскањето. Процедурата се одвива по скратена постапка и прскањето против комарци ќе се реализира наскоро, велат од локалната самоуправа.