Човекот кој се обидел да испрати во Германија авионска пратка со 75 египетски отровни скорпии бил уапсен на аеродромот во Каиро. Граничната служба за пратки ги открила живите скорпии на една многу ретка врста скриени во мала перница меѓу други предмети од Египет кои со авион требало да бидат префрлени во Германија.


Човекот кој бил уапсен е претставник на една компанија која се бави со извоз од Каиро. Тој изјавил дека животните биле наменети за центарот за медицински испитувања во Германија. Скорпиите биле запленети, а човекот бил изведен пред судот поради кршење на извозните закони и загрозување на животот на други луѓе.