Авион од типот „Ан-24“, што летал од Краснојарск со 11 патници и четворица членови на екипажот, се урнал во понеделник попладне при слетувањето, во близина на пистата на аеродромот во Игарк, по што експлодирал.
На лице место загинале 11 патници, меѓу кои и едно дете, а еден повреден патник во вторник им подлегнал на повредите. Тројца членови на екипажот ја преживеале несреќата и се наоѓаат во болница.
Истрагата за несреќата е во тек. Антонов Ан-24 се произведува од 1959. година и сè уште се користи за домашни летови.
извор: „Макфакс“