На авионските компании им е навика да наплаќаат за багаж, јадење па и перници, но за прв пат се случува авионска компанија да побара од своите патници да донираат колку што можат за гориво во авионот.
До овој инцидент дошло откако авионот кој требало да следа во Лебанон го променал својот курс поради немири близу аеродромот па морал да следа во главниот град на Сирија, Дамаскус. Тука авионот бил наполнат со гориво, а екипажот пробал да плати за истото со кредитна картичка на компанијата но поради финансиските санкции против Сирија трансакцијата била одбиена.
Екипажот на авионот ги замолил патниците да им “позајмат” пари како би го исплатиле долгот, но за среќа во меѓувреме бил направен договор помеѓу аеродромот и екипажот ,а по инцидентот “Air France” им се заблагодари на сите патници кои биле спремни да помогнат и исто така испрати официјално извинување како и до аеродромот така и до сите патници на летот.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com