Претседателот на Хрватска, Стјепан Месиќ, кој учествува на Економскиот форум што се одржува во Охрид, поради временски неприлики наместо на аеродромот „Св. Апостол Павле“ слета на аеродромот во Скопје.


Стипе Месиќ

Причина за тоа бил силниот ветер што синоќа дуваше над Охрид. Авионот со кој доаѓал Месиќ ивесно време кружел над Охрид, но откако временските услови не се подобриле, од безбедносни причини леталото било пренасочено конСкопје. „Имате силен ветер“ на шега рече Месиќ кој  утрово се сретна со македонските новинари.