Тројца мажи се уапсени, откако авионот со кој патувале од Љубљана до Лондон, слетал вонредно на аеродромот во Келн. Патници го информирале екипажот дека тројцата мажи зборувале за „терористички теми“. Пилотот одлучил да побара вонредно слетување на аеродромот во Келн. Во авионот имало 151 патници, кои биле итно евакуирани.

Тие биле придружувани од полицијата до транзитната зона за распит и проверка. Тројцата сомнителни патници биле предадени на полицијата во Келн од аеродромските власти. Ранец, кој бил во сопственост на еден од тројцата, бил изолиран и разнесен контролирано од деминери надвор од авионот.

OhridNews

Макфакс