Нов концепт на авион, на кој патниците имаат резервирани места во кабини под крилата, е совршено решение за секој кој сака да чувстува како е да се лета во авион од перспектива на пилотот. Компанијата која го проектирала смета дека ова ќе биде најдобар начин туристите да ги видат преубавите предели на нашата планета. Од компанијата Тритон велат дека на патниците им овозможуваат панарома поглед и сето тоа во луксузно опремена кабина, Новиот концепт ќе носи две кабини сместени под крилата на авионот, а во секоја кабина ќе бидат сместени 3 до 5 паници. За разлика од другите комерцијални летови каде туристите се сместени заедно со пилотот, па мораат да ги гледаат инструментите на контролната табла, овде им е овозможен целосен поглед.
Марко Парото, претседателот на компанијата која стои зад овој проект, вели дека патниците несметано ќе можат да снимаат со телефони, камери и фотоапарати или едноставно само да уживаат во неверојатниот поглед, а ќе имаат чувство како да се возат во некој воен авион. Авионот ќе биде движен од хибриден мотор со снага од 450 коњи, кој исто така овозможува 20 минути тивка работа како би можел да прелетува области кои се чувствителни на врева.