Авион од типот АТР за време на полетувањето се судри со куче, при што го изгубил предното тркало, известија индиските медиуми.

Присебниот пилот го прекинал полетувањето, го успорил авионот и го усмерил во блиската ливада. Меѓу 25 патници и членови на екипажот никој не е повреден.

Индиската авио компанија „Кингфишер“, на која и припаѓа авионот се пожалила на лоши сигурносни услови во многу аеродроми во земјата, а посебен проблем на пилотите им задаваат животни кои лутаат.

Минатата година во меѓународниот аеродром во Њу Делхи, мајмун предизвика одложување на летовите од неколку сати.

ohridnews