Авион со четворица навивачи кои патувале на натпреварот Германија-Англија, присилно слетал на автопат.
Откако пилотот воочил проблеми со моторот, успеал да го приземји авионот и бидејќи на автопатот имало неколку автомобили сите успеале да се тргнат навреме.
“Се помина без проблеми и никој не е повреден. Авионот мораше да биде приземјен,“ вели портпаролот на полицијата.
Полицијата успеала да го премести авионот, па сообраќајот за кратко време бил нормализиран, а навивачите со автомобил се превезени до стадионот. Полицијата не го објавила идентитетот на навивачите.