Патнички авион “Боинг 737” удри во камион при слетување на аеродромот во Лос Анџелес, Калифорнија. Инцидентот се случил при слетувањето на авионот на авиокомпанијата “Аеромехико”, кој во тој момент веќе се движел кон аеродромската зграда.
При судирот камионот се превртел, а десното крило на авионот е уништено. Во моментот на инцидентот во авионот имало 146-има патници. Осумина од нив се повредени. Еден е во критична состојба.
OhridNews
Макфакс