Можеби не било најдоброто слетување кое го извел, но еден анонимен пилот успеал да го приземји својот авионот во улица широка само неколку метри. Пилотот и неговата сопруга летале со авионот марка „Цесна“ во германската покраина Баварија кога моторот почнал да откажува. Во тој момент испратил повици за помош до спасувачките екипи.


Барал погодно место за принудно слетување, но не можел да најде ништо во близина. Тогаш под себе забележал уличка за која сватил дека може до некаде безбедно да го приземји авионот. Жителите на гратчето Стокштад биде запрепастени кога виделе како авионот удира во покривот на една куќа, потоа во уличното осветлување и на крајот во тротоарот. Ниту тој ниту сопругата немаат посериозни повреди, а материјалната штета изнесувала околу 60 илјади долари.