Авион на компанијата „Делта“, кој возел кон САД, принудно слетал во Даблин, бидејќи еден од патниците го оставил својот мобилен телефон приклучен на полнач во тоалетот, соопштила полицијата. Официјалните лица на аеродромот во Даблин подоцна го прегледале и пуштиле авионот, кој претходно полетал од Истамбул, да продолжи кон њујоршкиот аеродром, бидејќи востановиле дека наводната бомба всушност е само мобилен телефон и полнач.

Портпаролката на ирската воздухопловна служба Лилијан Касин, рекла дека пилотот барал принудно слетување и дека авионот се спуштил без инциденти и дека бил изолиран покрај пистата. Се воспоставило дека еден од патниците одлучил да го наполни мобилниот вклучувајќи во тоалетот. Потоа го заборавил телефонот а еден патник помислил дека станува збор за бомба. Во авионот се наоѓале 208 патници и 11 членови на екипажот.