Авион кој бил на комерцијален лет од Конектикат за Орландо бил присилен да слета во Лонг Ајланд поради миризбата на истурено кафе. Апаратот за кафе бил во задниот дел на авионот. Истурената содржина можела да предизвика електричен спој.
Портпаролот на компанијата изјавил дека миризбата најпрвин ја почувствувала стјуардесата. Проблемот бил необичен, иако не се јавил за прв пат. На летот имало пет членови на екипажот и 131 патник.