Авион на бразилска авиокомпанија морал денес непланирано да слета пред крајната дестинација поради кавга на еден пар. Во соопштението на компанијата се наведува дека авионот летал за Сао Паоло, а потоа пилотот морал да го приземји во Салвадор поради „недолично“ однесување на двајца патници.
Детали од инцидентот не се соопштени, но бразилските портали “G1” и “UOL” навеле дека момчето нападнало еден од стјуардите кој се обидувал да ги смири, пренеле агенциите. После слетувањето на авионот, парот бил приведен од федералните агенти на полицијата.