Авион на индиската компанија Ер Индија, откако пилотот заглавил во тоалетот, принудно слетал по интервенција на копилотот. Се изгледало како лоша шега. За време на летот на релација помеѓу Њу Делхи и Бангалор, пилотот останал заробен во тоалетот. И покрај сите напори, не успеал да излезе и да се врати зад командите на Ербасот 320.
Немајќи друг избор, копилотот морал принудно да слета во Бопал. Според медиумите, техничарите биле приморани да влезат низ прозорецот како би го ослободиле капетанот, бидејќи вратата на тоалетот не можела никако да се отвори од надворешната страна. Ова е само еден во низата инциденти кои и се случиле на оваа индиска компанија. Претходно, во април, пилот заедно со копилотот заспал во бознис класа, препуштајќи го авионот на автоматскиот пилот. во еден момент, една од стјуардесите несакајќи го исклучила автоматското пилотирање. Итно разбудени, неодговорините пилоти во последен час успеале да го стабилизираат авионот.