Еден пилот на Унгарската компанија Малев морал принудно да слета поради еден брачен пар кој се карал и тепал, а екипажот се плашел дека авионот може да се сруши. Чесите Јири и Катка Бартек започнале да се караат на аеродромот во Будимпешта.


Катка му приговарала на Јири бидејќи претходната вечер работел до доцна во ноќта. Продолжиле да се караат и откако авионот полетал за Кипар. Започнале да се тепаат и да фрлаат со шишиња и опрема од авионот. Биле надвор од контрола и на пилотот не му останало ништо друго освен да го сврти авионот и принудно да слета. Авиокомпанијата Малев им забранила на парот да се возат со нив доживотно.