Товарен авион Боинг 767 на ФедЕкс Ерлајнс (FedEx Airlines) слета на својот труп откако се појави проблем со предната опрема за слетување при слетувањето на аеродромот во Истанбул. Нема повредени.

Екипажот на авионот пријавил во контролната кула дека од Париз до Истанбул пристигнувал со дефект на опремата за слетување.

Пилотот побарал дозвола за ризично слетување на трупот. Слетувањето било успешно извршено, со интервенција на Аеродромската спасувачка и противпожарна служба.

Турските медиуми јавуваат дека во тек е отстранувањето на леталото од пистата.

OhridNews

фото. МИА