Патнички авион денеска се урнал во езерото Викторија во Танзанија при обид да слета на аеродромот во Букоба, соопшти државната авиокомпнаија „Tanzania Broadcasting Corporation – TBC“.

Компанијата информира дека до сега се спасени 15 патници. Локалните медиуми, пак, известија дека се спасени 20 патници од вкупно 49 колку што имало во авионот заедно со посадата, но овие податоци не се потврдени.

Авионот кој утрово полета од главниот град Дар ес Салам падна во езерото Викторија поради невреме проследено со обилен дожд. – соопшти „TBC“.

Видео снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека авиониот е речиси потопен, а над водената линија се гледа само опашката на леталото.

OhridNews