Мал авион од типот  CESSNA 172 M со регистарска ознака Z3-DCV се урна денеска во 12 часот и 40 минути на ливада во излетничкото место Скребатно каде денеска илјадници луѓе дојдоа да го прослават празникот Успение на Пресвета Богородица.


Во несреќата животот го загубија пилотот и тројца патници во авионот. За среќа избегната е поголема катастрофа бидејќи авионот удри во автомобил фиќо во кој во моментот се наоѓаше малечко девојче. Истото освен претрпен шок нема други повреди.


Очевидци велат дека авионот летал ниско, имал неправилна работа на моторот, по што се урнал најверојатно обидувајќи се да ја избегне толпата.



На местото на несреќата веднаш излегоа екипи на СВР Охрид и екипа на брзата помош која беше присутна на местото поради прославата на празникот. За жал на лицата во авионот не можеше да им се помогне.


Падна авион во Скребатно

Г. Момироски