Министерството за транспорт на Зимбабве соопштило дека еден авион на локалната авиокомпанија се судрил со пет диви свињи додека полетувал од аеродромот во главниот град. Во соопштението се наведува дека авионот на Ер Зимбабве кој се обраќал на линија Хараре-Булавајо, блиската средба со животните ја доживеал во вторникот.
Патниците и членовите на екипажот, се на се вкупно 34, евакуирани биле безбедно, додека на авионот кој излетал од пистата му биле оштетени пилотската кабина, едниот мотор и крило.