Неименуван маж се соблекол во тоалетот и се појавил гол пред останатите патници во авионот на летот од Бостон за Лос Анџелес на авионската компанија American Airlines. Стјуардесата му наредила да се облече, па ја послушал. Но, не поминало многу откако се вратил на своето место, станал и се затрчал спрема излезот во случај на итност.


-Се залета спрема вратата и ние четворица едвај го вративме назад-изјавил патникот Мајкл Брнс од New England Revolution фудбалската екипа која била на летот.
Пилотот беше присилен да слета во Оклахома каде го уапсија човекот.