При принудно слетување на авион во Украина загинаа пет лица, пренесуваат светските агенции. Несреќата се случила на аеродром одалечен 30 километри од престолнината Киев.

Според информациите на Министерството за вонредни ситуации, во авионот имало 16 падобранци и двајца членови на екипаж. Принудното слетување било направено во лоши временските услови, со обилни врнежи од дожд и силен ветер.

Повредените патници се веднаш хоспитализирани.

OhridNews