На светските натпреварувања во летање авиони од хартија, лет од 20 секунди е вистинска реткост, повеќе од 25 секунди е светска класа, а 30 секунди е скоро недостижно. Само еден човек, јапонскиот виртуоз во летање авиони од хартија Такуо Тода, се приближил на таа магична граница. Тој во неделата поставил светски рекорд во лет со рачно направени авиони од хартија, за малку не преминувајќи ја границата од 30 секунди.
Тој е главен човек во јапонското здружение „Оригами авиони“. Пуштајќи го десет сантиметри долгиот авион кој самиот го дизајнирал, тој десет пати се обидел да го собори досегашниот рекорд од 27,9 секунди, поставен оваа година во Хирошима, но најдолгиот лет му траел 26,1 секунда. Но тоа е сепак најдобриот резултат на авиони напревени исклучиво од хартија, бидејќи летот од 27,9 секунди бил постигнат со авион кој на себе имал леплива лента.