Претставниците на авиокомпанијата „Изиџет“ замолиле четири машки лица да излезат од авионот, во кој имало премногу машки патници, како би можел да полета. Според пишувањата на медиумите, авионот требало во петокот да полета од Ливерпул за Женева. Меѓутоа, меѓу патниците имало многу повеќе мажи од жени. Премногу тежок, авионот не можел да полета.
Тогаш пилотот им се обратил на патниците и замолил четири доброволци да го напуштат авионот. Патниците кои излегле во пресрет подоцна добиле по 120 евра оштета. За товар на самите патници, авиокомпаниите обично сметаат 88 килограми за машки, 70 килограми за женски лица и 35 килограми за деца. Во овој случај во авионот имало 135 мажи, а само 19 жени, што е сосема необична ситуација, навеле од авиокомпанијата.