Авион на Turkish Airlines, кој леташе на дестинацијата Истанбул-Сао Паоло, вонредно слета во Kазабланка поради информација за бомба, пренесоа турските медиуми.

Портпаролката на турската авио-компанија потврди дека во авионот на летот TK15 била прогласена тревога откако во тоалетот била пронајдена белешка на која бил напишан зборот „бомба“, јави агенцијата Reuters.

Според информациите, во авионот Боинг 777 се наоѓаат 256 лица.

Безбедносни тимови се подготвуваат да го пребараат авионот откако во него беше пронајдена заканувачка порака за бомбашки напад, јави телевизијата CNNTurk.

OhridNews

Извор:„Макфакс“