Авион на Lufthansa што од Тексас полета за Германија, пренасочен е во понеделник вечер кон аеродромот во Њујорк, откако централата на германската авиокомпанија примила повик дека во авионот е поставена бомба.

Летот 441 од Хјустон за Франкфурт безбедно слета и беше паркиран на безбедно подрачје на интернационалниот аеродром Џон Ф.Кенеди, рече портпаролот на Њу Џерси, Стив Колман.

Рој додаде дека 530 луѓе се евакуирани од авионот и дека никој не бил повреден.

OhridNews
извор Макфакс