Повеќе патници и членови на екипажот се повредени откако авионот од типот „Ербас А-320“ на австралиската авиокомпанија „Квантас“ ненадејно ја променил  височината за време на летот од Сингапур до Перт.

Дел од патниците се здобил со скршеници и други тешки повреди, додека авионот принудно слетал во градот Лиармаут во Западна Австралија. Десет луѓе со фрактури и контузни повреди се примени во болница, а 30 се здобиле со полесни повреди, соопшти авиокомпанијата.

Засега не е познато што ја предизвикало промената во височината. на ербасот.  Инаку, „Квантас„ важи за една од најбезбедните авиокомпании во светот, но ова е трет инцидент  на авион од ова компанија годинава, во кој како и во претходните два случаи е избегната поголема катастрофа.

ohridnews