Полесно се повредени 25 патници откако денес рано наутро излета од пистата авион на „Ер Канада“ на аеродромот Халифакс, објави компанијата, пренесува BBC.

Сите 132 патника го напуштија авионот Airbus А320, а 25 се одведени во болница на набљудување и санирање на полесни повреди. Авионот на летот од Торонто слета веднаш по полноќ и наводно удрил во електричен столб веднаш по слетувањето.

Аеродромот е затворен за сообраќај. Во моментот на несреќата паѓал снег и видливоста била значително смалена.

„Авионот лошо слета“, рече Питер Спарвеј, портпарол на аеродромот.

OhridNews