Американската авиокомпанија „Пет-аирвејс“ најави дека од на лето ќе почнат првите летови наменети само за мачки и кучиња. Тие нема повеќе да се возат во делот за багаж патувајќи со своите сопственици. Сега имаат своја линија за да им биде удобно како и на луѓето.
Поголемиот дел од животните досега беа присилени да патуваат во делот за багаж. Само животните полесни од 5 килограми можеа да бидат во кабината со сопствениците. „Пет-аирвејс“ го најави првиот лет за животни на почетокот на летово. Но за луѓето нема да има место на овие летови. Тие ќе мора да патуваат со редовните линии.