Финската авиокомпанија Финаир ќе ги награди патниците кои постојано летаат со нив со пластична операција. Националната авио компанија планира да направи наградни бодови за најверните корисници. Во иднина ќе бидат во можност да собираат бодови кои би можеле да ги претворат во пластична операција по желба.
Така, за деколте од соништата ќе бидат потребни 3.2 милиони бодови, што е еквивалентно на 404 лета од Хелсинки до Хонг Конг. За затегнување на лицето кај најпознатиот фински пластичен хирург, ќе биде потребно да се соберат “само“ 4,7 милиони бодови.